Нашиот Тим
Дипломиран економист – насока маркетинг и надворешна трговија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Поранешен Генерален Директор на АД Пивара Скопје; поранешен претседател на управниот одбор на fresh&Co. (Кока – Кола Хеленик Србија), поранешен член на Советот на Народна Банка на Македонија.
Огромно професионално искуство во корпоративниот сектор, стекнато низ извршувањето на повеќе раководни функции на домашниот и интернационалните пазари за време на неговата корпоративна професионална кариера, продлабочено и проширено преку различните професионални ангажмани на домашни и интернационални проекти реализирани во една цела декада на постоење на Петрески и Партнери ДООЕЛ.
Консултант за стратегиски маркетинг активности и развој на брендови, промоција и активности во сферата на односите со јавноста; повеќе од 10 годинишно искуство во областа на маркетингот и 7+ години раководно искуство на различни позиции во една од водечките маркетинг агенции во Македонија, Idea Plus Communications. Во моментот, основач и генерален менаџер на Компанијата за маркетинг и медиумски решенија ADvantage Creations LTd.
Доктор по филологија. Поседува докторат по англофонски студии од Универзитетот Пол Валери, Монпелје 3 во Франција. Има 17-годишно наставно искуство и активно е вклучена во формалното и неформалното образование на млади и возрасни.
Од 2008 година е универзитетски предавач, најпрво како јазичен лектор по англиски и француски, а потоа како предавач по бизнис и интеркултурна комуникација.
Вклучена е во многу меѓународни проекти, како координатор, обучувач и преведувач, од кои ги издвојува: Глобални партнери во образованието, глобално разбирање и интеркултурна комуникација (Универзитет Источна Каролина, 2009), Транскултурална комуникација и преведување (Универзитет во Марибор, од 2014 година).
Од 2012 година има направено повеќе од триесет обуки за млади и искусни професионалци од областа на бизнисот и интеркултурна комуникација, академското и бизнис пишување, како и обуки за TEFL & TOT.
Основач и извршен директор на Progressiva Public Relations & Media, независна “бутик” агенција за комуникација. Со повеќе од 28 години професионално искуство во различни деловни области, како што се новинарството, медиумите, односите со јавност и корпоративните комуникации, интегрираните маркетинг комуникации и раководење со бизниси на високи менаџерски позиции.
Во изминатите децении, тој го проширува своето формално и неформално образование и се стекнува со вредна експертиза и искуство во повеќе земји во светот и во неколку високо позиционирани компании во нивните индустрии во Македонија, Балканскиот регион и САД.
Поседува скапоцено ПР и комуникациско искуство стекнато како портпарол на Владата на Република Македонија, во периодот 2002-2006 година.
Во неговите невладини активности тој беше генерален секретар на Здружението на новинари на Македонија, како и ко-основач и прв претседател на Македонскиот институт за медиуми.
Емилија е долгогодишен советник и соработник на Петрески и Партнери во областа на Корпоративниот ПР и Односите со медиумите.
Кариерата на Емилија започнува во новинарството. Од 1994 до 2005 година, таа работи како водител и уредник на ТВ дневникот на една од поголемите национални ТВ куќи, за подоцна да ја насочи патеката на својот професионален ангажман, кон сегментите на градење и раководење на процесите поврзани со Односите со јавноста.
Од 2005 година, Емилија извршува повеќе менаџерски позиции во одделите за односи со јавност во повеќе корпоративни компании, кои во Македонија делуваат во сегментот на телекомуникациите.
Ивона е соработник и советник на Петрески и Партнери од 2014 година.
Нејзината кариера е рефлексија на долгогодишното професионално искуство во сегментите на Oдноси со јавност и CSR (Корпоративна општествена одговорност).
Од 2003 година, Ивона работи во повеќе меѓународни корпорации како супервизор и менаџер на секторите за односи со јавност, каде што во голема мера придонесува во дизајнирањето, развивањето и имплементирањето на највисоки професионални стандарди и оперативни принципи во сите активности поврзани со PR и CSR.