Порака од основачот и генералниот директор

Порака од основачот и генералниот директор

Почитувани клиенти,

По повеќе од една деценија исполнета со различни професионални ангажмани во Корпоративните бизниси во регионот, решив да ја основам Petreski & Partners LTD, компанија за деловни менаџмент и консултантски активности.

Воден од искуството и знаењето на членовите на тимот и деловните соработници на компанијата, тимот на Петрески и Партнери се определи да ги посвети сите свои ресурси, со цел да обезбеди професионална поддршка и создаде значајна додадена вредност на малите и средни бизниси, во нивните напори за градење на стратешка позиција и конкурентна бизнис платформа на пазарите во Република Македонија и околните региони.

Од своето основање па се до денес, компанијата успеа да воспостави вредни партнерства и да реализира разновидни консалтинг услуги во повеќе компании во Република Македонија и околните региони, нудејќи високо професионална поддршка и посветеност кон бизнис потребите и барањата на клиентите.

Успеавме успешно да сервисираме поголем број клиенти од адвертајзинг секторот, телекомуникациите, заштитата на животната средина и третманот на отпад, странски претставништва на неколку трговски друштва, неколку производствени капацитети, неколку финансиски институции, и секако, да воспоставиме партнерски односи со најзначајните меѓународни институции во земјата.

Денес, ние сме повеќе од горди што можеме да кажеме дека сите наши клиенти, партнери и соработници, ја препознаа нашата професионалност и посветеност кон остварувањето на деловните цели и очекувања на клиентите.

Едноставно речено: “Успехот на клиентите е наш приоритет и единствена цел”.

Оваа изјава останува наш предизвик во периодот кој следи, и ги насочува нашите напори, не само да се истакнеме во сферата на сегашната понуда од нашето оперативно портфолио, туку и дополнително да ги диверзифицираме услугите што нашиот тим ќе им ги понуди на нашите клиенти во иднина.

Сo почит,

Тихомир Петрески

Основач и генерален директор