Groove Relation

Пред повеќе од 15тина години, на една неформална средба во круг на блиски соработници и пријатели, се разговараше за потребата од креирање на една уникатна програмска радио содржина која ќе остави посебен урбан белег на македонскиот радио етер по влезот во новиот милениум. Исходот на тој разговор, денес е веќе етаблираната емисија #grooverelation, која под посветеното водство на незаменливите Антонио Џон и Јулијана Милутиновиќ, доживеа да издаде 17 CD изданија, со кои ја одбележуваше секоја година од своето постоење.

Причината за ова споделено сеќавање, е предизвикана од фактот што лично DJ Antonio John, по повод 10 годишниот јубилеј и роденден на Петрески&Партнери, се сети да создаде и да ни подари, специјална едиција на #grooverelationCD издание, кое не само што доплнително ни оддава признание за креативноста и посветеноста, туку претставува и уникатен белег на еден за нас многу значаен јубилеј.

По барање на Џони, а со помош на нашите креативни партнери ADvantage Creations, на оваа едиција и посветивме и уникатен дизајн.

Благодариме од срце!

#10yearanniversary #grooverelation